ВИДЕО: АЕК го шокираше Олимпијакос со два гола во последните минути од дербито

Се наѕира ли крајот на доминацијата на Олимпијакос во грчката Суперлига? По подолго време пирејците загубија дерби пред своите гледачи и паднаа на третото  место на табелата. Во големата градска пресметка меѓу Олимпијакос и АЕК, гостите извојува победа со 1-2 (0-0) со два постигнати гола во самата завршница на натпреварот.

Надигрувањето водена од два шпански тренери, Оскар Гарсија и Маноло Хименез, наговестуваше натпревар без голови. На девет минути до крајот по една мешаница пред голот на „жолто-црните“, Карим Ансари најдобро се снајде и го отвори резултатот (1-0).

Сепак, во 86. минута по една збркана акција на АЕК, топката стигна до Дмитри Чигрински, кој ја закова топката во домашната мрежа, израмнувајќи на 1-1. Длабокот во судиското надополнување, молк на „Јоргос Караискакис“ предизвика голот на Јоргос Јакумакис, кој заврши една убава колективна акција по десната страна (1-2).

Заради протести при голот за победа на АЕК, исклучен беше Шпанецот Ботиа, откако го турна судијата и го очекува драконска казна. ПАОК, кој попладнево во 20. коло славеше кај Јанина со 1-2, остана на врвот со 46 бода, пред АЕК кој има 44 и првакот Олимпијакос со 42 бода.