• Зоран Мишевски
Фудбалерите на АЕК од Атина се нов победник на Купот на Грција во фудбал, откако во финалето го совладаа доминаторот во последните неколку години Олимпијакос со 1-2 (0-1).
Со голот на Мантолас во 38. минута „жолто-црните“ поведоа со 0-1, а Алжирецот Џебур во 51. минута зголеми на 0-2. До крајот на мечот екипата на Олимпијакос успеа да намали со голови на Доменгез во 85. минута.
Купот на Грција оваа година неколку пати беше прекинуван заради огромни немири, па и беше доведено во прашање финалното одигрување на натпреварувањето.