• Горан Упале
Фудбалерите на АЕК Атина со една нога се четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва на гости кај Целје извојуваа убедлив триумф од 0-4. Грчкиот претставник беше фаворит во пресрет на овој дуел, но никој не очекуваше дека ќе слави толку лесно и убедливо.
- Целје - АЕК Атина 0-4:
Атинчани својата задача ја завршија уште во првото полувреме, затоа што домашната мрежа ја затресоа дури три пати. Резултатот го отвори Варга, по само три минути игра, а до крајот на полувремето уште стрелаа Коита и Гаќиновиќ. Во вториот дел точка на победата стави Мукуди.
- Фиорентина - Раков 2-1:
Од вечерашната програма во Конференциската лига победник имаше само на уште еден натпревар. Италијанска Фиорентина дури во финишот го скрши отпорот на Раков и со гол во судиското надополнување славеше со 2-1. Први удар зададоа гостите од Полска, откако Џонатан Брунс стрелаше за 0-1. Само две минути подоцна Ндор израмни на 1-1, а голот за победа на Фиорентина го постигна Гудмундсон од пенал во 93 минута.
- Кристал Палас - АЕК Ларнака 0-0:
На останатите два натпревари голови немаше. Кристал Палас разочара пред својата публика и ремизираше со АЕК Ларнака, додека без победник заврши и натпреварот меѓу Сигма и Мајнц 05.
- Сигма Оломуц - Мајнц 05 0-0:
Возвратните натпревари се играат следниот четврток.









