Аџиќ блесна во Рига, „три од три“ за Црна Гора во Лигата на нации

Фудбалската селекција на Црна Гора продолжува со одличните партии во новата сезона во Лигата на нации. Во сегментот Ц, „лавовите“ ја забележаа третата победа од исто толку натпревари, откако на гостувањето во Летонија славеа со минимални 1-2. 

Херој на Црна Гора беше ѕвездата во подем Василије Аџиќ. Фудбалерот на Сасуоло имаше фантастичен натпревар и беше автор на двата гола, додека почесниот погодок за домаќинот беше дело на Стродс во 81 минута. Црна Гора е лидер на табелата со максимални девет бода, додека Летонија има само еден. 

  • Ерменија - Црна Гора 1-2:

Во рамки од оваа група се одигра и натпреварот меѓу Кипар и Ерменија, на кој победа извојува домашната селекција со 2-0.

  • Казахстан - Молдавија 1-2:

Попладнево Молдавија беше поефикасна во Казахстан, совладувајќи го со 1-2.  

Состави

Паоло Николато

5-4-1

    Мирко Вучиниќ

    4-3-3