Адвокатите на Манчестер Јунајтед работат на раскинување на договорот со Роналдо

Роналдо

Манчестер Јунајтед најави последици за интервјуто кое Кристијано Роналдо кај Пирс Морган и испрати голем број критики кон клубот, газдите, тренерот и некои од соиграчите.

Премиерлигашот експресно ги повикал своите адвокати предвреме да го прекинат работниот однос со супер-ѕвездата. Се наведува и дека клубот веќе стапил во контакт со претставници на Португалецот. Контроверзното интервју може да претставува прекршување на договорот што би овозможило раскинување. Договорот на Роналдо со „црвените ѓаволи“ истекува следното лето.

„Манчестер Јунајтед презеде соодветни чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо за медиумите. Нема да коментираме повеќе додека не заврши овој процес“, гласеше кратката изјава на клупската веб-страница.

Роналдо, кој моментално се подготвува за Светското првенство во Катар, ги обвини челниците на клубот и тренерот Ерик Тен Хаг за „предавство“ и го критикуваше семејството Глејзер, кое е сопственик на клубот. „Глејзерси не се заинтересирани за клубот“, се пожали Португалецот во интервјуто кое излезе во два дела.