ВИДЕО: Адуриз и Вилијамс јунаци на Билбао, Хихон и со реми до наредна рунда

Екипата на Атлетик Билбао забележа сигурна победа во Купот на Шпанија, на гостински терен, каде со 0-4 славеше над Хуеска и со вкупни 0-8 се пласира во наредната фаза на најмасовното шпанско фудбалско натпреварување.

Фаворитот лесно ја оправда задачата на терен, а јунаци беа Ариц Адуриз и Ињаки Вилијамс. Двајцата се запишаа во листата на стрелците по двапати - Адуриз стрелаше во 37. и 58. минута, додека Вилијамс ја тресеше противничката мрежа во 80. и 92. минута. Домаќините имаа шанса да го ублажат поразот од пенал, но истиот не го реализира Камачо.

Наредна фаза во Копа дел Реј слави и Хихон, кој како гостин одигра 2-2 против Еибар, но поради триумфот во првиот меч минува понатаму. Гостите водеа со 0-2, со головите на Хименез и Перез, но Еибар дојде до реми преку Кукурела и Чарлс.