• Мартин Танасковски

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Аднан Јанузај, си заминува од Севиља и ќе направи неочекуван трансфер во турската Суперлига.
Новиот тренер Сампаоли не смета на Белгиецот, па така тој разговара со агентот за трансфер во редовите на Башакшехир. Клубот бара позајмица на Јанузај до крајот на сезоната, иако деталите уште не се завршени.
Затоа што во повеќето европски лиги трансфер-периодот е завршен, за Јанузај опција се Турција, МЛС-лигата, Катар.