Адетунџи интересен за многу екипи, Матеја Кежман го следеше на дуелот со Фенер

Фенербахче беше вториот противник на Шкупи на подготовките во Турција. Македонскиот првак двапати водеше, но на крај се задоволи со 2-2 против големиот ривал.

На трибините беше присутен поранешниот српски фудбалер Матеја Кежман. Тој моментално работи како фудбалски агент и беше ангажиран за да го следи настапот на напаѓачот на чаирчани, Сандеј Адетунџи.

Нигерискиот фудбалер за скромни 2.500 евра пристигна во Македонија. Се шпекулира дека неодамна Шкупи за него одбил 1,5 милиони евра од хрватски клуб. Адетунџи беше стрелец на двата погодоци на дуелот со Фенер. 24-годишникот се претстави одлично и продолжи да решета мрежи како и цела измината натпреварувачка сезона.

Се очекува Шкупи да добие голем број понуди за својот најдобар напаѓач.