Адеми „закачи“ вирус и не отпатува со тимот на подготовките во Ровињ

Фудбалерите на Динамо денес ги продолжуваат подготовките за вториот дел од сезоната, а последната фаза од брусење на формата ќе ја одработат од 3 до 12 јануари во Ровињ. 

Сепак, тренерот Анте Чачиќ на стартот на овие подготовки нема да може да смета на двајца исклучително важни играчи, бидејќи во Загреб останаа капитенот Аријан Адеми и Јосип Мишиќ.

Хрватските медиуми веднаш помислија дека се работи за некоја драма, но од клубот веднаш соопштија дека се работи за вирус. Двајцата фудбалари се заразени од грипот што беснее овие недели, па мораат да останат во Загреб додека не оздрават.

„Сините“ на овие подготовки ќе одиграат два натпревари, в недела на осми јануари против сè уште непознат противник, додека на 12 јануари ќе ги одмерат силите против Целје. Вториот дел од сезоната на ХНЛ, Динамо ја продолжува в сабота на 21 јануари, против Горица.