Адеми заигра како шпиц: Кина ми е најдобрата одлука...

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заигра за Пекинг Гуан во кинеската Суперлига и на стартот имаше нова улога, мораше да биде шпиц. Во интервју за „Јутарњи“, тој говореше за новата средина и за новата позиција на која играше првпат во кариерата.

„Не играв на позиција како во Динамо, туку бев во нападот. Првиот центарфор беше повреден и тренерот ми даде шанса. Тоа ми беше нешто ново, но верувам дека нема долго да трае. Имав две добри шанси и не погодив, ама сум задоволен“, изјави Адеми.

Кина и Хрватска се различни земји, но Адеми не жали за одлуката за трансфер.

„Воопшто не жалам за одлуката, ова беше најдоброто нешто кое можев да го направам. Со годините кои ги имам тешко дека ќе можев да бидам дел од „топ-5“ лигите во Европа, па заминувањето во Кина беше најлогично“, додаде тој.

Адеми беше испратен од Динамо како вистинска легенда, а неговиот дрес со бројот пет нема да се користи додека тој е активен на зелените терени.