• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми погоди за Динамо Загреб против Шкупи (0-1) од првата шанса во второто полувреме на „модрите“.
Тукушто тргнаа од центарот, фудбалерите на Динамо изградија солидна акција, а Адеми се најде осамен пред голот на чаирчани на нешто околу шест метри по еден пас на нововлезениот Менало и биеше по земја во мрежата на Наумовски.
Адеми и на претходниот натпревар против Шкупи постигна гол во Загреб, а исто така беше и асистент.







