Адеми: Во фудбалот играш толку, колку што противникот ќе ти дозволи

Хрватскиот шампион Динамо Загреб приреди сензација уште во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите. „Модрите“ пред својата публика со миминални 1-0 го совладаа составот на Челзи.

Стрелец на единствениот погодок беше Оршиќ во 13. минута, а за играч на натпреварот беше прогласен нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Капитенот на Динамо беше задоволен од одиграната партија на тимот и се надева на уште подобри резултати во иднина.

„Денес направивме навистина добри работи, одигравме квалитетен натпревар, победивме моќен противник и кога требаше да се браниме одлично се браневме. Секоја чест за играчите, тренерот и навивачите. Заслужена победа.

Договориот ни беше да му ја препуштиме топката на противникот. Игравме висок пресинг и добро е што ја искористивме нашата шанса. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на следните натпревари. Во фудбалот играш толку колку што противникот ќе ти дозволи. А Челзи денес одигра под ниво“, изјави Адеми.

Покрај Адеми, одличен натпревар против Челзи одигра и македонскиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски, кој во вториот дел имаше супер-шанса за погодок.

Состави

Сергеј Јакировиќ

3-5-2

    Енцо Мареска

    3-4-3