Адеми: Убаво е да се игра во Серија А, но засега нема никаква понуда

Веќе неколку денови се шпекулира дека капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, е на изелзени врати од „Максимир“ и својата кариера ќе ја продолжи во Серија А. 

Наводно за услугите на македонскиот репрезентативец биле заинтересирани римските ривали Рома и Лацио, но Адеми вели дека не знае ништо повеќе од тоа што го чита по медиумите. 

„Секако дека е убаво да се игра во Серија А, таа е една од најдобрите на светот. Сите фудбалери имаат желба да настапат за голем клуб, но да бидам искрен не знам ништо, немам поим. Читам што пишуваат медиумите, и ништо повеќе од тоа не знам. Засега нема никаква понуда. Барем мене, ниту од клубот, ниту од страна, не ми кажале дека постои такво нешто“, вели Адеми за хрватскииот весник„Спортски Новости“. 

Пред да се отворат приказните за Рома и Лацио, нашиот играч за врска беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, но засега ситуацијата во Загреб е мирна и нема некоја поголема загрижаност дека ќе останат без својот капитен.