Адеми: Тешко е да се коментира нешто, среќен сум што се вратив

Динамо Загреб одигра одлично осмо коло од хрватскиот шампионат, победувајќи го Славен Белупо со убедливи 3-0. Покрај перфектната игра и високата победа, овој натпревар го одбележа кам-бекот на Аријан Адеми

Токму враќањето на капитенот предизвика ентузијазам кај навивачите. Поранешниот и новиот капитен на тимот на Динамо влезе во игра во 84. минута и доби големи аплаузи и скандирања од трибините. Тоа беше неговото враќање во „Максимир“ по шест месеци поминати во кинескиот Пекинг Гуан.

„Тешко е да се коментира нешто по враќањето. Среќен сум што сум тука и што можам да му помогнам на тимот. Се надевам дека ќе продолжиме вака. Бевме одлични, заслужено славевме. Тимот ми изгледа многу добар. Заминаа играчи кои многу тешко се заменуваат. Мораме да работиме повеќе и да вложиме повеќе труд. Се надевам дека ќе успееме да ги замениме.

Имаме уште задачи во Европа, има доволно натпревари. Најважно е да го гледаме следниот меч. Секој натпревар е финале, се надевам дека ќе бидеме вистинските“, рече Адеми. 

Пред Динамо Загреб предстои натпревар против Рудеш, па против нисколигашот Пониво во Купот и уште една средба со Хајдук, овојпат на „Пољуд“.