„Адеми стана институција во Динамо Загреб, со него многу полесно...“

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дражен Бесек, будно ги следи случувањата во клубот од „Максимир“ и даде свое мислење за квалитетите на тимот, како и за случувањата на трансфер пазарот ова лето.

Хрватскиот шампион и во новата сезона ќе може да се потпре на проверени сили, на фудбалери кои што знаат што значи да се носи „синиот“ дрес и кои во своите нозе имаат огромен број на важни натпревари. Секако и многу трофеи.

Меѓу нив е и поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми. Еве што мисли Бешек за капитенот.

„’Рбетот на тимот не може да се направи со чести промени на клучни играчи. Адеми, на пример, стана институција во Динамо и со него полесно ќе се подигаат и развиваат млади играчи, кои со своите трансфери во наредните години треба да го полнат буџетот на клубот.

Младиот играч сигурно полесно ќе напредува со искуството и советите на Адеми, а тоа секако е добра клупска политика. Не би било добро секоја втора сезона одново да се создава 'рбетот на тимот, бидејќи тогаш е многу тешко да се очекува добар резултат во континуитет“.

Динамо во новата сезона се очекува да има сериозна конкуренција во трката за титулата, бидејќи сплитски Хајдук веќе го промовира Иван Ракитиќ, а најави уште неколку сериозни засилувања.