ВИДЕО: Адеми со мајсторски волеј донесе „сина“ радост во Унгарија!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги замолкна Унгарците, откако по само 15 минути игра во дуелот со Ференцварош донесе предност за Динамо Загреб од 1-0, во реванш средбата од третото коло на Лигата на шампионите. 

Капитенот на „модрите“ одлично се отвори и на асистенција на Олмо на мајсторски начин со волеј од свртување го надмудри домашниот голман и донесе голема радост за фановите на хрватскиот шампион. 

Голот на Адеми во Будимпешта:

Со овој резултат плеј-оф од Лигата на шампионите ќе обезбеди Динамо Загреб, затоа што на првиот меч во Хрватска беше 1-1.