ВИДЕО: Адеми претрча половина терен и мајсторски стрелаше против Горица

Екипата на Динамо Загреб потешко од очекуваното обезбеди ново учество во финалето во Купот на Хрватска. 

На „модрите“ им требаа 120 минути за да го скршат отпорот на Горица и да слават победа од 4-1, откако во регуларниот дел на семафорот стоеше 1-1. Нашиот репрезентативец Аријан Адеми повторно одигра одлична партија во дресот на хрватскиот шампион, и со мајсторски гол во самиот финиш стави печат на победата на својата екипа. 

Во 119. минута Адеми претрча повеќе од половина терен и со итар удар по земја го изненади гостинскиот голман и го постигна својот прв гол во Купот оваа сезона.

  • Голот на Адеми за конечна победа на Динамо над Горица:

Инаку, покрај нашиот репрезентативец гостинската мрежа ја стресоа уште Мајер, Јакиќ и Мишиќ, додека единствениот гол за Горица го постигна Спикиќ за водечки 0-1.