Адеми пред потпис со унгарскиот гигант Ференцварош

По двегодишна пауза, повторно еден македонски фудбалер може да заигра за унгарскиот шампион Ференцварош. Аријан Адеми преговара со трофејниот клуб од Будимпешта и брзо може да дојде до изненадувачки трансфер. Заминување на Адеми од Динамо Загреб е опција веќе две години, а клубови кои се загреани за негов потпис има во Русија, Франција, Италија. 

Претседателот на Ференцварош најави дека во клубот доаѓа големо засилување, а медиумите открија дека станува збор за Адеми. Капитенот на „модрите“ не е недопирлив како пред некоја година, а случајот со ненамалувањето на платата за време на пандемијата од ковид-19 претставува дополнителен проблем.

Претходно, дресот на Ференцварош го носеше Стефан Спировски, кој стана шампион на Унгарија со „зелено-белите“. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.