• Иван Димовски

Фудбалерите на Динамо Загреб запишаа убедлива победа на гости кај Вараждин со 1-3, а удел во победата имаше и македонскиот капитен Аријан Адеми.
Фудбалерот за врска и капитен на Динамо го постигна последниот погодок на натпреварот. „Модрите“ водеа со 2-1, а Адеми стави точка на резултатот. По една дефанзивна грешка, топката ја украде Петковиќ, ја испрати низ одбраната, па македонскиот репрезентативец од втор план се уфрли и погоди низ нозете на голманот.
За Адеми ова беше третиот сезонски погодок, на нив има и една асистенција, што е солидно за играч со неговите карактеристики.