Адеми почувствувал болки на загревање, без „моторот“ кај фенерџијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда на листот на ногата нема да биде во комбинација за настап вечерва против Малта. 

Фудбалерот на Динамо Загреб почувствува болка веднаш после загревањето на синоќешниот тренинг. Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и за мечот против Италија.

Адеми се очекува да му биде на располагање на селекторот Благоја Милевски во следните квалификациски натпревари.