Адеми по два месеци пак стартер, Динамо со седум гола во мрежата на Рудеш

Еден од најстандардните македонски репрезентативци, Аријан Адеми, по пауза од два месеци се врати во првиот состав на Динамо Загреб и одигра важна улога во една од најубедливите победи оваа сезона во хрватскиот шампионат. 

Лидерот на табелата во ХНЛ одигра нов перфектен натпревар и со 7-2 славеше над Рудеш за прв успех оваа година. Харловиќ со два брзи гола ја најави вечерашната голејада на „Максимир“, додека до крајот на првиот дел погодија Петковиќ и Гојак. Во вториот дел свој блесок имаше Орсиќ, кој со хет-трик го комплетира убедливиот триумф на Динамо Загреб. 

За поразената екипа во листата на стрелците Стркаљ, постигнувајќи два гола. Нашиот репрезентативец по 5 декември го одигра првиот меч за „,модрите“, а од игра излезе во 64. минута.