Адеми останува без настап во Европа, Динамо не го пријави за нокаут-фазата на КЛ!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, би можел да остане без настап во Европа во продолжението од сезонатa, јавуваат хрватските медиуми. 

Како мал шок за навивачите дојде веста дека неговото место би можел да го заземе новодојдениот Јапонец, Такујо Огивара, што значи дека Адеми не би бил во составот за претстојниот предизвик во Конференциската лига, каде „модрите“ ќе се соочат со силниот Бетис од Шпанија. 

Во овој случај, тренерот Сергеј Јакировиќ би донел одлука која Адеми го прави „вишок за Европа“, а тоа наводно се должи на идејата за пополнување на бековските позиции и средниот ред со помлади играчи.

32-годишниот Адеми се врати во Динамо по кратката авантура во Кина и одново е еден од најважните поединци во тимот, но на моменти има проблем со повредите и непостојаност во формата. Нашиот репрезентативец отсекогаш важел за огромен и беспоштеден борец, кој сигурно како врвен професионалец би ја прифатил одлуката на тренерот.