Адеми остана без тренер по срамниот пораз на Динамо

Хрватскиот фудбалски гигант Динамо Загреб доживеа висок пораз од Локомотива Загреб (1-4), по што првиот тренер на тимот Марио Цвитановиќ реши да си поднесе неотповиклива оставка.

Одлуката дека тој си заминува ја соопштил на фудбалерите веднаш по крајот на средбата, а истата ја соопштил и на прес-конференцијата. Околу новиот тренер, Динамо Загреб ќе донесе одлука во наредниот период и ќа је презентира пред јавноста.

Динамо Загреб е лидер, но зад себе има два болни порази со по четири примени гола. Покрај од Локомотива, тимот во минатото коло загуби и од Ријека.