Адеми одушеви 1.500 „БББ“ на „Пољуд“, соиграчите го послушаа и тргнаа по капитенот

Фудбалерите на Хајдук и Динамо одиграа 0-0 во најголемото хрватско дерби, во фантастична атмосфера на преполниот „Пољуд“.

Многу поинтересни од случувањата на теренот беа оние на трибините на сплитскиот стадион. „Бед Блу Бојс“ неуморно го бодреа својот тим пред 33.000 ривали. Тие беа задржани на стадионот над два часа по последниот судиски свиреж, а по натпреварот беа одушевени од гестот на капитенот Аријан Адеми.

Иако не играше поради повреда, македонскиот репрезентативец уште еднаш ја покажа својата љубов кон Динамо. Ги повика сите играчи да ги поздрават навивачите и да им подарат дрес. Така, дваесеттина среќници од југозападната трибина на „Пољуд“ си заминаа дома со вреден сувенир, а Адеми уште еднаш покажа дека е вистинскиот лидер на оваа екипа.