Адеми низ солзи: Ја преживеав најтешката година и пол, не се чувствувам како победник (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми утрово го имаше своето прво обраќање пред јавноста, откако му беше смалена суспензијата од страна на Арбитражниот суд во Лозана. 26-годишниот игач за врска низ солзи во очите зборуваше дека ги мина најтешките мигови во својот живот, но потенцира дека ќе се врати уште посилен. 

„Ја преживеав најтешката година и пол во мојот живот. Поминав низ голгота, добив четири години затвор и се прашував што ќе правам без фудбалот. Не знам како дојде тоа во моето тело. Тоа ми беше најтешко. Не се чувствувам како победник, казната мораше да ми биде укината. Во соопштението на ЦАС стои реченица која ми ја враќа вербата во мојата борба. Ќе се вратам посилен, не само физички и психички. Тренирам секој ден, играм мал фудбал и падел тенис. Се трудам да останам во форма. Кој ќе го освои шампионатот? Па, мислам дека тоа ќе биде Динамо Загреб“, изјави Адеми. 

Голготата на македонскиот репрезентативец ќе заврши на 7 октомври, кога ќе ја има првата можност да се врати на фудбалскиот терен. Во 2015 година беше суспендиран поради користење на недозволена супстанца, која беше откриена на допинг-тестот по мечот со Арсенал.