• Иван Димовски
Фудбалерите на Динамо Загреб загубија на гостувањето кај Хајдук Сплит (1-0) во рамките на 15. коло на ХНЛ. Загубеното дерби од клупата го следеше капитенот на Динамо и поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој кажа:
„Доста тешко е да се следи дербито од клупа. Не заслуживме да победиме. Сега треба да направиме сè што можеме за да ја свртиме сезоната, главата горе. Мора да излеземе како победници, нема друго. Имаме доста повреди, ама имаме и ширина во тимот. Сигурен сум дека иднината ќе биде подобра и ќе ги свртиме работите во наша корист. Табелата изгледа катастрофално, должни сме на навивачите“.
По петнаесет одиграни натпревари Хајдук има седум бода предност во однос на Динамо Загреб кој е третопласиран, а три повеќе од Ријека на второто место.