• Зоран Мишевски
Физички пад, деконцентрација, исклучување на Муслиу и тактички хаос во вториот дел против Украина ни донесоа поништување на одличниот прв дел и двојната предност. Избраниците на Благоја Милевски со горчлив вкус ги оставија многубројните гледачи на „Тодор Проески“ и со прв пораз во евро-квалификациите ќе отпатуваат во Манчестер.
По натпреварот во Скопје, импресиите ги сподели видно разочараниот Аријан Адеми, кој негираше дека ќе се повлече од дресот со државниот грб по дуелот на „Олд Трафорд“.
„Не знам што се случи, не знам што да ви кажам. Шеесет минути беше феноменално, потоа сè се промени. Имавме и свежи играчи на теренот, не знам дали нè стигна физички пад и затоа загубивме.
Тешко ќе биде за три дена да одиграме нов ваков натпревар, но ќе сè обидеме. Не е точна приканата дека натпреварот против Англија е мој последен натпревар за репрезентацијата“.
Утре попладне нашата репрезентација ќе замине за Англија, во обид и трет натпревар по ред против „Гордиот Албион“ да остане непоразена.