Адеми: Направивме голема работа за хрватскиот фудбал, наша цел сега е домашната титула

Адеми Аријан

Македонските интернационалци со Динамо Загреб доживеаја елиминација во четвртфиналната фаза на Лига Европа од Виљареал.

Аријан Адеми беше еден од најзаслужните за погодокот за утеха на гостувањето во Шпанија. Капитенот настапи и покрај тоа што во изминатите неколку дена се мачеше со ситна повреда.

„Честитки за Виљареал, тие беа подобри и заслужено победија. И ние имавме добри можности, но тие беа едноставно подобри. Ја искористија нашата збунетост и лошото преземање на играчи, вакви тимови не го простуваат тоа. Направивме голема работа за хрватскиот фудбал, честитки за сите играчи. Сега нашата цел е да ја освоиме титулата во шампионатот и Купот, тоа е она што треба да го сториме до крајот на сезоната“, изјави Адеми.

29-годишниот играч за врска остана на теренот до самата завршница, кога беше заменет од Мишиќ.

Динамо е прв во хрватскиот шампионат, со два бода предност пред Осијек и еден натпревар помалку.