Адеми: Мускулот ме стега, но ќе бидам подготвен да играм

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е пред еден од најважните натпревари оваа сезона и чека плеј-оф на Лигата на шампионите со Динамо Загреб. Ривал ќе биде норвешки Розенборг, а капитенот на „модрите“ смета дека со полни трибини, може да се победи.

„Многу луѓе бараат влезници, верувам дека „Максимир“ ќе биде полн. Тоа е нашата желба, навивачите да бидат нашиот дванаесетти играч исто како во Будимпешта. Со нив се е полесно. Најголем мотив е полн „Максимир“. Сакаме да играме во ЛШ“, изјави Адеми.

Членот на Динамо го повреди мускулот, имаше болки во последните две недели, но смета дека ќе биде спремен за клучниот меч.

„Мускулот ме стега, но ќе бидам подготвен да играм. Нема ова да ме спречи да настапам на тој меч“, додаде репрезентативецот.

Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Розенборг се игра на 21 август.