Адеми: Му благодарам на мојот брат Стефан, ова не е збогум – туку само довидување!

Фудбалската легенда на Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кажа збогум и го одигра последниот натпревар за „модрите“. Крајот беше идеален, го испратија полни трибини на „Максимир“, а репрезентативниот колега Стефан Ристовски го одлучи натпреварот против Ријека (1-0). 

По мечот, Адеми зборуваше на прес-конференцијата. Играчот за врска беше емотивен, призна дека сè уште не е свесен дека заминува, се заблагодари на Ристовски, а најави дека ова не е збогум со Динамо, туку планира да се врати во иднина. 

„Не мислев дека ќе дојде овој ден, мислев дека ќе ја завршам кариерата во Динамо загреб. Ова беше најважната победа за нашата екипа, му благодарам на мојот брат Стефан што го реши мечот. Со динамо уште не освоив европски трофеј и тоа ми е единствена неисполнета желба. Мислев дека можеме да ја освоиме Лигата на Европа, да не наидеше оној Виљареал, верувам дека ќе успеевме. 

Имав многу среќни моменти низ кариерата, но овој ден ми е посебен. Откако го доживеав ова, јас слободно можам да ја завршам кариерата. Не гледам можност да се вратам на „Максимир“ како фудбалер, многу тешко, меѓутоа во иднина на друга функција, зошто да не. Јасно е дека ова не е збогум, туку само довидување и дека не сум завршил со Динамо“, кажа Адеми.

Адеми кариерата ќе ја продолжи во кинескиот клуб Пекинг Гуан, кој му понуди огромна плата и даде понуда која не се одбива. Во дресот на Динамо, Адеми запиша 373 настапи, остави огромна трага и е сопственик на многу рекорди. 

Состави

Сергеј Јакировиќ

3-5-2

    Zeljko Sopic

    4-4-2