Адеми ја продлабочи легендата во Динамо – 10 години, најтрофеен играч, 300 настапи...

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е фудбалска легенда на Динамо Загреб и како капитен на овој тим продолжи да поставува рекорди. Против Истра тој го одигра 300 натпревар за „модрите“ и застана на седмото место на вечната листа на настапи.

До крајот на сезоната, Адеми може да дојде до третото место на таа листа, па дополнително неговото име да биде со златни букви во историјата на хрватскиот фудбалски великан. Пред Адеми се Дражен Ладиќ (468 настапи), Младен Рамљак (337), Марко Млинариќ (307), Среќко Богдан (204) и Драгутин Вабец и Златко Крањчар (301).

Адеми игра за клубот од „Максимир“ од пред крајот на 2010 година и заокружи десет години во таборот на загрепчани. Во дресот на Динамо Загреб, играчот има 17 титули, што е апсолутен рекорд.