Адеми и соиграчите шокирани плачеа додека фановите им аплаудираа

Фудбалерите на Динамо Загреб претрпеа невиден шок во судиското надополнување од натпреварот против Шахтјор Доњецк. Водеа со 3-1 и се чинеше дека го имаат натпреварот во свои раце и мирно ќе го приведат кон крај.

Сепак, наместо да ја „нагазат“ топката, примија гол за 3-2, а потоа со помош на ВАР-технологијата, судијата Феликс Брих од Германија покажа на белата точка, а Тете го реализира ударот од белата точка за финални 3-3.

Адеми и соиграчите беа повикани од најверните фанови на Динамо Загреб и со солзи во очите ги слушаа нивните скандирања и покрај неуспехот и испуштените два бода. Нашиот репрезентативец беше еден од најемотивните, заради односот со фановите на Динамо Загреб и лидерската улога во тимот.

  • ВАР-пеналот за Шахтјор Доњецк во 97. минута: 

Младиот Дино Периќ ја покри главата, плачејќи, а и многу други негови соиграчи ги надвладеаја емоциите. 29.000 гледачи сепак им аплаудираа на „модрите“ исто како да победиле.