Адеми и Ристовски против Виљареал, за честа на Македонија и историја на Динамо!

Екипата на Динамо Загреб, испишува историја во Лигата на Европа, играјќи во фазата на осум најдобри тимови. Откако направи целосна сензација и го исфрли Тотенхем, хрватскиот тим во четвртфиналето ќе игра со Виљареал. 

Аријан Адеми и Стефан Ристовски се единствените фудбалери кои останаа да ја бранат честа македонскиот фудбал во евро-куповите, а од друга страна на клупски план чекорат кон историја со Динамо. „Модрите“ нема да имаат лесна задача, екипата на Унаи Емери врза пет победи во низа и е супер-мотивирана да стигне што е можно подалеку во Европа. 

Овие две екипи имаат два меѓусебни дуели, во 2010 година во рамките на групната фаза на Лигата на Европа. Динамо на својот „Максимир“ ги среди Шпанците со 2-0, но потоа загуби со гол повеќе во Виљареал. Сепак, тоа е далеку во историјата, а мотивите на двата тима се јасни. „Жолтата подморница“ е далеку поуспешна во Европа, има играно и полуфинале на Лигата на шампионите, а минатата година стигна токму до четврфиналето во Лигата на Европа. 

Од друга страна, Динамо брка историја бидејќи за нив осминафиналето во ова натпреварување е најдалеку што стигнале. Самиот пласман во фазата на осум најдобри екипи е успех повеќе, но Хрватите сакаат да одат уште подалеку.