Адеми и Ристовски му гостуваат на Велковски во големото хрватско дерби

Првенствената трка во Хрватска влегува во луда завршница. И понатаму четири клуба имаат шампионски амбиции, но сите со исклучок на загрепски Динамо полека попуштаат. „Модрите“ ги добиваат оние мали натпревари, не и конкурентите, а тоа го однесе тимот на врвот на табелата. Загрепчани во дербито со Ријека влегуваат како лидери, но на „Рујевица“ нема да се повлечат и да одат на контри.

На Динамо повеќе му годат дуелите со Ријека на заливот на Јадранот отколку на „Максимир“. Некои од најубедливите победи во изминатите сезони ги оствари на „Рујевица“. Двапати тимот ја посрамоти Ријека во скоро време, двапати на нејзин стадион, ја почести со петарда. Но, оваа сезона напаѓачите на Горан Томиќ, кој минатиот викенд го продолжи договорот со Ријека, му задаваат страшни проблеми. Во три наврати Ријека постигна по три гола, а „модрите“ остварија само една победа – во последниот дуел одигран на „Максимир“.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот Ријека - Динамо Загреб

Иако Ријека му нанесе голема штета на бранителот на хрватскиот трон, сепак, ниеднаш не го совлада во првенството. Двапати беше 3-3, а Ријека на „Рујевица“ прокоцка три гола предност. Единствениот триумф ријечани го забележаа во Купот на Хрватска, ги елиминираа загрепчани во четвртфиналето и со Хајдук на „Пољуд“ на крајот на мај ќе се борат за трофеј. Секој меч на Ријека и Динамо оваа сезона беше спектакуларен, со многу голови и пресврти, нема причини така да не биде и овој пат.

На овој натпревар може да настапат тројца македонски репрезентативци, за Динамо Загреб се тука Аријан Адеми и Стефан Ристовски, додека за Ријека игра Дарко Велковски.