Адеми и Ристовски го бранат „Максимир“ од вечниот ривал Хајдук

Шампионската трка во ХНЛ одамна не била понеизвесна бидејќи дури четири тима рамноправно конкурираат за титулата – Осијек, Ријека и двата најголеми хрватски клуба, Динамо Загреб и Хајдук Сплит, кои в недела од 17:30 часот ќе влезат по 189-ти пат во битка за бодови. Во дербито може да настапат дури три македонски репрезентативци и тоа: Аријан Адеми и Стефан Ристовски за Динамо, а Јани Атанасов за Хајдук. 

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Динамо Загреб - Хајдук

Бранителот на титулата, Динамо, оваа сезона не е толку доминантен, иако располага со најквалитетен играчки кадар во земјата. Меѓутоа, избраниците на Дамир Крзнар досега не блескаа во дерби дуелите. Сите три ги одиграа нерешени, со Осијек во Загреб 1-1, а против Ријека 3-3 и на „Максимир“ и на „Рујевица“. Тоа што најмногу ги загрижува фановите, а и самиот Крзнар е тоа што во секој од нив, „модрите“ беа тие кои бркаа бод. За волја на вистината, начинот на кој се извлекоа во Ријека е показател за менталната сила и вербата во своите можности, бидејќи на полувреме имаа три гола дефицит. 

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во ХНЛ

Динамо има уште два хендикепи во пресрет на големото дерби: Куп натпревар со (замислете) Ријека одигра в среда и победи (3-1), па имаше ден помалку за одмор од сплитските „били“ кои ја прегазија Локомотива со 6-3, а мора да води сметка и за гостувањето кај Вест Хем во последното коло на Лигата на Европа, на кое не смее да загуби ако сака да го задржи второто место. Хајдук нема европски обврски и може потполно да се фокусира на најважниот дуел оваа есен, а серијата од четири триумфи по доаѓањето на Валдас Дамбраускас, особено оној во јадранското дерби во Ријека (3-2), му дава за право да се надева на поволен исход. Блага предност му даваме на Динамо, а типовите се 1Х&ГГ и ГГ3+.