Адеми и Ристовски добија поштеда, Динамо даде ОСУМ гола во ХНЛ

Фудбалерите на Динамо Загреб ја запишаа најубедливата победа во Хрватската прва лига, откако на својот „Максимир“ го декласираа Хрватски Драговољац со 8-0 (2-0). 

На натпреварот поштеда добија главните ѕвезди и играчи кои би требало да играат за репрезентациите, а меѓу нив се Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Сепак, тоа не ги спречи играчите на Крзнар да го прегазат ривалот. 

По првото полувреме Динамо имаше „само“ два гола предност откако стрелаа Мишиќ и Менало. Сепак, голеадата започна по паузата. Ивануштец и Спикиќ до 59. минута веќе го решија натпреварот, а во продолжението само продолжи агонијата за Драговољац. 

Менало го даде својот втор погодок за 5-0, додека по него стрелаа уште Андриќ, Булат и Толиќ за конечните 8-0. Интересно, дури четири гола на Динамо беа постигнати од резервистите кои очигледно се жедни за фудбал.