Адеми и Динамо Загреб патуваат во Будимпешта по европска „виза“

Хрватски Динамо Загреб го доби најтешкиот можен ривал на ждрепката за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Модрите“ ќе патуваат во Будимпешта кај Ференцварош, по европска „виза“.

Тимот во чии редови настапува Аријан Адеми сака да го мине унгарскиот тим за да има сигурна европска есен. Победа носи пласман во плејофот за Лигата на шампионите, а ако Динамо се сопне на последната европска пречка во квалификациите, ќе има сигурен настап во групите на Лигата на Европа.

Динамо знае како со Ференцварош, тоа го покажа лани. Овие два тима играа двомеч во квалификациите за ЛШ - во Загреб беше нерешено (1-1), а целата нервоза за тој резултат Хрватите ја истурија токму во Будимпешта кадеа славеа со убедливи четири гола разлика (0-4). Еден од стрелците на реваншот беше токму Аријан Адеми, затоа што тој го најави триумфот.

Натпреварот меѓу Ференцварош и Динамо Загреб стартува од 19:00 часот.