ВИДЕО: Адеми и Динамо гледаат кон групната фаза на ЛШ

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб веќе гледаат кон групите во Лигата на шампионите, затоа што на домашен терен со 2-0 (2-0) славеа над норвешки Розенборг.

  • Извештај од натпреварот:

„Модрите“ пред полни трибини на „Максимир“ одиграа одличен натпревар против ривалот и имаат комотна предност пред реваншот. Адеми тргна од првата минута на натпреварот, а творци на триумфот беа Петковиќ и Орсиќ.

Првиот погодок го постигна Петковиќ во 8. минута од пенал, додека Орсиќ стрелаше во 28. минута од мечот. Победата на Динамо Загреб можеше да биде поголема, но не се искористија сигурните шанси во вториот дел. Розенборг, пак, најзрелата шанса ја имаше во 57. минута, кога Адегбенро ја погоди пречката.

Реваншот во Норвешка меѓу Розенборг и Динамо Загреб се игра на 27 август во Трондхајм. На останатите натпревари, Јанг Бојс и Црвена Звезда во Берн одиграа без победник (2-2), додека Олимпијакос со убедливи 4-0 славеше над Краснодар.