• Зоран Мишевски

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повредил на последниот тренинг пред дуелот во Копривница во неделата и мали се шансите да настапи на пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Норвешка на 11. ноември во 18.30 часот во Скопје.
Капитенот на Динамо почувствувал болки во скочниот зглоб, па тренерот Марио Цвитановиќ не го поведе со себе на напреварот од редовното коло на ХНЛ, во кое Динамо славеше против Славен Белупо со 0-1.
Собирот во Скопје е најавен за утре на пладне, а Адеми веројатно ќе се појави за потоа заедно со стручниот штаб да одлучи дали ќе игра во последниот натпревар во 2017 година или не.
Претходно во договор со Палермо, Илија Несторовски нема да настапи против Скандинавците, па не е исклучена можноста Ангеловски дополително да повика уште еден фубалер.