Адеми го чекаат на „Максимир“, но друг клуб може да ги разочара!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе направи кам-бек во европскиот фудбал од Кина. Како најсериозна опција се појави Динамо Загреб, ама уште една екипа влезе во игра за неговиот потпис.

„Модрите“ во изминатите денови се поврзуваат со 32-годишниот македонски репрезентативец кој беше нивен долгогодишен капитен, но пред стартот на оваа сезона замина во Пекинг Гуан за висока плата.

Сепак, тој ќе се врати во Загреб, ама проблем е што работата не се заврши претходно, поради временските зони во Кина. Како што велат од Хрватска, Адеми нема да може да игра во Конференциската лига на УЕФА затоа што роковите за пријава се пробиени.

А, има уште една интересна информација. Турски Трабзонспор сака да го донесе нашиот репрезентативец во својот тим. Во овој колектив игра Енис Барди. Тренер е Немања Бјелица, екс-стратег на Динамо, кој одлично ги познава квалитетите на Адеми.

Играчот од средниот ред во моментов е со националниот тим на Македонија, а неговата судбина ќе биде позната по дуелите со Италија и Малта.