„Адеми е здрав, подготвен за реваншот и одлично расположен...“

Адеми

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе биде во конкуренција за настап на реваншот од четвртфиналето во Лига Европа против Виљареал.

Македонскиот репрезентативец имаше повреда на ногата, но таа сега е минато, тврдат од таборот на хрватскиот гигант. Тренерот Дамир Крзнар им соопшти убави вести на навивачите пред второто соочување со шпанскиот претставник.

„Адеми е здрав, подготвен и одлично расположен“, кратко порача предводникот на „модрите“.

29-годишниот играч за врска беше дел од последните подготовки на екипата. На тренинзите не можеше да се забележи дека има проблеми или дека има последици од повредата.

На првиот натпревар Виљареал победи со пенал, па сега Динамо треба да покаже дека има квалитети и да ја анулира негативата на шпанско тло.