ВИДЕО: Адеми е „челичен“ – истрча спринт од крај до крај за Динамо да даде гол!

Аријан Адеми уште еднаш покажа за каков „лав“ се работи кога е во прашање неговиот Динамо или македонската репрезентација, Иако беше неизвесен за настап на реваншот од четвртфиналето на Лига Европа во Виљареал, капитенот на „модрите“ настапи и беше од најпозитивните.

Во 74. минута Адеми истрча од гол до гол и беше зачетник на прекрасната акција, која заврши со гол на Оршиќ, по прекрасното додавање на Петковиќ (2-1). Македонскиот репрезентативец истрча, додаде и се радуваше на супер-голот на Динамо на „Естадио де ла серамика“.

Динамо Загреб загуби со 2-1 од Виљареал и со севкупни 3-1 „жолтата подморница“ ќе игра полуфинале на Лига Европа.