Адеми: Да играм за Шкендија е остварување на детскиот сон

Натпреварот од Првата македонска лига помеѓу Шкендија и Гостивар, засекогаш ќе остане врежан во меморијата на младиот Фитон Адеми, кој ги доби првите минути во професионалниот фудбал. 

21-годишниот напаѓач дебитираше на мечот со Гостивар и не го крие задоволството што имаше можност да заигра пред домашната публика. 

„Да се игра за Шкендија пред домашните навивачи беше остварување на детскиот сон. Имам максимална почит за сите клубови каде што настапував порано, но конечно ја добив вистинската шанса и се надевам дека во иднина ќе бидам уште подобар. 

Пораснав во Шкендија и овде секогаш ми беше забавно. Секогаш сонував да бидам дел од првиот тим и не престанував да мечтаам. Жалам само што не успеавме да победиме, но одиме понатаму и ќе се бориме за сите бодови до крајот на првенството“, изјави младиот Адеми. 

Фитон Адеми во минатото ги бранеше боите на Беса, Струга и Воска, а во првиот тим на Шкендија се врати за време на зимскиот преоден рок. Тетовскиот прволигаш заостанува два бода во однос на второпласираната Струга и три бода зад лидерот Шкупи.