• Зоран Мишевски
Репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми влезе во вистинска форма и веќе нема проблеми со повреди. Поранешниот капитен на Динамо Загреб беше автор на голот за 2-0 за неговиот Пекинг Гуан против Киндаго Хаиниу.
Во 51. минута Адеми го отвори резултатот, откако одбиената топка ја прими на гради, а потоа со волеј погоди во мрежата. Адеми беше еден од најдобро оценетите фудбалери на натпреварот, па сега има два гола има и две асистенции за Пекинг.
- Голот на Адеми за Пекинг Гуан:
Пекинг Гуан со оваа победа се искачи на шестото место на табелата.