• Горан Упале

Екипата на Шкупи донесе познато име во своите редови и го врати Али Адем меѓу „гулабите“, непосредно пред двомечот со хрватски Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Младиот играч за врска е среќен што се врати на „Чаир“ и најави дека ќе го даде максимумот на секој натпревар со цел тимот да стигне што подалеку на меѓународна сцена и да ја одбрани титулата во домашниот шампионат.
„Секако дека сум среќен што се враќам во Шкупи. Ветувам дека ќе го дадам максимумот и се надеваме дека ќе стигнеме што е можно подалеку во квалификациските натпревари за Лигата на шампионите на УЕФА и ќе ја одбраниме титулата на домашниот шампионат“, изјавија. Али Адем.
Адем минатата година беше на позајмица во грчкиот клуб Арис Солун.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.