• Иван Димовски

Фудбалскиот натпревар на „Спортскиот центар Горан Пандев“ меѓу Академија Пандев и Шкупи тргна лошо за гостите од Скопје. „Чаирчани“ по 25 минути игра останаа со човек помалку, откако Али Адем заработи црвен картон.
Играчот за врвска на Шкупи, во обид да стигне до топка, беше невнимателен и го удри противничкиот фудбалер Донов директно в глава со копачката. Судијата по мало размислување, додека се укажуваше лекарска помош, му го покажа патот кон соблекувалната.
Иако останаа со десетмина, фудбалерите на Шкупи успеаја да поведат со погодокот на Гаги Маргбелашвили по еден прекин.