Адем не се врати во Арис, туку замина на позајмица во грчки второлигаш

Младиот македонски фудблаер Али Адем пред неколку дена ги напушти редовите на Шкупи и се врати во Грција, но не својот Арис.

Поранешниот играч за врска на Вардар кариерата ќе ја продолжи во тимот на Вериа, грчки второлигаш кој ја доби битката за потписот на македонскиот фудбалер и го позајми во следните шест месеци. 

Адем се етаблираше во фудбалскиот свет како дете на Вардар, откаде доби понуда која не се одбива и се пресели во Солун. Во потрага по минутажа, минатиот февруари се врати во Првата македонска фудбалска лига и заигра како позајмен во Шкупи, но по една година го напушти „Чаир“ и ја засили Вериа.

За една година во редовите на Шкупи, 21-годишниот Адем одигра триесет натпревари и успеа да постигне два погодоци. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк