• Саше Љолес
Фудбалерите на Борусија Дортмунд извојуваа триумф на гостувањето кај Мајнц 05 и славеа со конечни 0-2 (0-2) во натпреварот од петтото коло во германската Бундеслига.
„Милионерите“ ги заверија бодовите уште во првото полувреме, кога мрежата на домаќинот ја погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми. Мајнц се обиде да се врати во мечот и двапати биеше во рамките на голот, но резултатот не се промени до паузата.
Вторите 45 минути претставуваа рутина за гостите. Дортмунд не мислеше премногу на голот, но успеваше да ја контролира играта и само до крај ја одработи започнатата задача. За Борусија ова е четврти сезонски триумф и сега има два бода помалку од водечкиот Баерн Минхен.
Екипата на Хајденхајм со 2-1 на домашен терен го порази тимот на Аугзбург, Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Сент Паули со конечни 1-2, додека РБ Лајпциг се избори за победа кај Волфсбург со минимални 0-1.






