• Горан Упале
Фудбалерите на Борусија Дортмунд го одиграа можеби најдобриот натпревар во Лигата на шампионите во поновата историја и пред својата публика го декласираа тимот на Селтик, победувајќи го со 7-1 (5-1). Со оваа победа „милионерите“ се искачија на лидерската позиција на табелата со максимални шест бода, откако во воведната рунда беа убедливи и на гостувањето кај Бриж (0-3).
Човек на одлука на „Сингал Идуна Парк“ беше младиот напаѓач Карим Адејеми – автор на три гола и тоа сите во првото полувреме. Емре Чан од пенал го отвори натпреварот, а веднаш потоа на 1-1 израмни Маеда. Германскиот репрезентативец првиот гол го постигна во 11 минута, а во 29. минута зголеми на 3-1. Летното засилување Гираси со својот втор овосезонски гол во Лигата на шампионите погоди за 4-1, додека Адејеми брилијантното полувреме го круниса со уште еден гол за 5-1 за Борусија Дортмунд.
Но, само што започна второто полувреме следуваше шок за Нури Шахин и домашните фанови, бидејќи Адејеми поради повреда беше приморан предвреме да го заврши натпреварот. До крајот Борусија Дортмунд постигна уште два гола, преку Гираси и Нмеча.
- Извештај од натпреварот:
Во следното коло Борусија Дортмунд остува кај бранителот на титулата Реал Мадрид, додека Селтик гостува кај Аталанта.