Адебајор дочекан како супер-ѕвезда во Кајзериспор

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Реал Мадрид и Арсенал, Емануел Адебајор е ѕвезденото засилување на турскиот Кајзериспор.

35-годишниот напаѓач од Того како слободен играч по напуштањето на вицешампионот Истанбул Башакешир сам ја бираше својата иднина. 

Навивачите дочекаа како супер-ѕвезда и во огромна еуфорија. Адебајор најдобриот дел од кариерата го мина настапувајќи за „топџиите“ од Лондон, каде во три години, настапи на 142 натпревари и постигна 62 гола.

Тогоанецот е еден од најскапоплатените фудбалери во турската Суперлига и се претпоставува дека повторно ќе биде најскапоплатен фудбалер во ростерот на Кајзериспор, откако таа улога ја делеше со Робињо во Истанбул Башакшекир.